Работниците на една фарма во американската држава Њујорк воведоа програма  терапија галење на крави, која им помага на луѓето да се чувствуваат подобро и помирно.

За терапија од еден час, луѓето можат да милуваат и гушкаат крава, а може дури и да ја четкаат, а сето тоа чини 75 долари.

Фармата „Маутаин хорс” ветува „забавно и релаксирачко искуство” со нивните крави.

На фотографиите на Инстаграм, се гледаат луѓе како ги гушкаат и милуваат кравите.

Во зависност од избраниот пакет, заинтересираните луѓе можат да се дружат и со коњите на фармата.

Слична терапија со крави постои во Холандија.