Како што објаснува владиниот Извештај за богатството и сиромаштијата, се смета дека имате висок приход ако заработувате двапати повеќе од просечниот приход. Значи моментално тоа е 3.894 евра нето.

Многу граѓани веруваат дека можат да зборуваат за богатство само ако имаат нето приход од околу 9.000 евра месечно, но богати се сметаат и тие со многу помалку пари, пренесува хрватскиот магазин Феникс.

Во Германија, просечниот приход моментално е 1.947 евра нето (што е приближно 3.000 евра бруто). Тоа значи дека има толку луѓе кои заработуваат помалку од оваа граница колку што има и оние чија плата е над неа. Оваа нето плата е точно на средина од сите плати.

Како што објаснува владиниот Извештај за богатството и сиромаштијата, се сметате дека имате висок приход ако заработувате двапати од просечниот приход. Значи моментално е 3.894 евра нето.

Тоа е нето приходот со кој некој се смета за богат, за кој би бил потребен бруто приход од најмалку 6.100 евра (даночна група 1). Сите во даночната група 3 ја достигнуваат таа магична граница со бруто плата од околу 5.500 евра.