Денеска претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со министрите за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, образование и наука Весна Јаневска и Министерство за економија и труд Бесар Дурмиши остварија средба со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, известуваат од Владата.

На средбата се разговараше за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори како и состојбата со платите и нашата тенденција тие да растат согласно реалните можности на економијата.

Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати. Разговараме за сет одлуки и системски мерки кои ќе бидат одржливи на долг рок. Следуваат добри одлуки, истакна премиерот Мицкоски.

Дијалогот продолжува!, се вели во соопштението.