Ново обвинение за поранешниот советник во општина Охрид и бизнисмен Нефи Усеини.

Обвинителството го гони за дивоградба во центарот на Охрид.

Заедно со уште еден сограѓанин се товарат за бесправно градење.

Осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27.07.2023 година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност, пишува во соопштението на  Јавно обвинителство.

Медиумите претходно објавија објавија дека на овој објектот од историско значење, инвеститорот ја урнал мермерната спомен плоча,  потсетник на историски настан од 1941 година. На неа пишуваше дека  во оваа куќа 25 и 27 ноември  1941 година, бугарскиот воен суд во Охрид ги осудил на смрт со бесење Лазар Колишевски и Петре Пирузе, додека Кирил Главинчев, Андон Дуков и Јаким Спироски биле осудени на повеќегодишна затворска казна поради организирање вооружено востание против бугарскиот фашистички окупатор.

Но ова не се најде во обвнинението. Од Обвинителството велат дека за овој аспект, законот предвидува прекршочна одговорност.

На поранешниот советник од редовите на ДУИ веќе му се суди и за дивоградбата кај охридскиот чинар. Пред 2 години охридското Обвинителство го обвини за тераса на пицерија бесправно изградена 4 години претходно. Но овој предмет се уште е во првостепена постпака во охридскиот Суд. На Усеини му се судеше и за нападот на екс советникот Џемал Мена за што охридскиот суд му пресуди парична казна за спрчеување службено лице во вршење на службено дејствие. За насилство врз сограѓанинот Спиро Топаловски доби ослободителна пресуда.

Усени поднесе  поднесе оставка во Советот во јануари 2023 од како што навел лични причини.