Премиерот на Албанија, Еди Рама, не успеа да ги убеди студентите, кои протестираат, да се сретнат со него и да разговараат за нивните барања.

На денешниот, седми ден од студентските протести, кои стануваат се помасовни и се прошируваат и во другите градови, студентите, одбија какви било разговори. Тие наведоа дека ќе ги прекинат протестите едниствено ако целосно  се исполнат нивните девет барања.

„Нема разговори, ниту со премиерот ниту со минстерката за образование. Утре закажуваме уште помасовен протест и доколку заклучно со утрешнот ден не ни бидат исполнети барањата стапуваме во штрајк со глад“, најавија студентите.

Меѓу барањата поставени од студентите се во управите на универзитетите да има нивен претставник, подобрување на условите за сместување во студентските домови, двојно намалување на школарината, зголемување на буџетот за високото образование и проверка на потеклото на имотот на професорите.

Рама во видео снимка објавена на Фејсбук им порача дека Владата е подготвена за дијалог, но оти автономните универзитетски одбори имаат овластување да ги исполнат повеќето од овие барања на студентите, вклучувајќи го инамалувањето на школарната за 50 отсто.