Владејачката партија Грузиски сон повторно поведе процедура за отповикување на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили.

Претседателот на грузискиот Парламент, Шалва Папуашвили наведе и дека е планирно поднесување на уште една тужба пред Уставниот суд поради „странските посети на Зурабишвили без одобрение на Владата.

Тој додаде дека тужбата пред Уставниот суд на Грузија ќе биде поднесена пред изборите во Грузија.

– Ако тоа успее, мандатот на Саломе Зурабишвили ќе биде скратен за околу еден месец. Овој чекор е повеќе од симболичен карактер, па прекршителката на Уставот, Саломе Зурабишвили, ќе влезе во историјата не само како поранешна претседателка, туку и како суспендирана претседателка, истакна Папуашвили.

Грузиски сон се обиде да ја отповика Зурабишвили во октомври 2023 година поради турнејата за поддршка на европската интеграција без дозвола на Владата, но тогаш на владејачката партија и недостасуваа неколку гласови во Парламентот. Таа по постапката за импичмент оствари неколку странски посети без согласност на грузиската Влада, вклучително и минатата недела во Франција, Германија, Полска и Белгија.

фото: МИА архива