Македонската фудбалска репрезентација во рамките на четвртото коло во Лигата на Нации во групата Ц на гостувањето во Ереван против Ерменија забележа уште една победа од 2-0 со што се зацврсти на првото место во групата Ц на Лигата на Нации.
Мечот започна интересно.По почетниот притисок на домашните фудбалери првото возбудување се случи пред голот на Ермеците.
Во 4 минута од корнер постигнавме гол преку Серафимов, но по прегледување од ВАР собата погодокот на нашиот репрезентативец беше поништен, поради офсајд.
Ерменците запретија со удар од далечина во 22 минута преку Спертсијан, но ударот заврши над голот на Димитриевски.
Убава шанса имаа Ерменците во 31 миннута откако Спертсијан сам беше пред голот на Македонија, но од изгледна позиција го промаши целиот гол.
Нов удар од далечина за Ерменија во 42 минута од некои 18 метри се обиде Зеларијан, но повторно далеку над голот на Димитриевски.
Нова можност Ерменците бараа со удар од далечина во 44 минута преку Бичакчијан, но овој удар беше лесен плен за нашиот голман.
Наголемата шанса на натпреварот Ерменија во првиот дел ја имаше во 45 минута откако по еден добар пробив по левата страна и одлично нафрлување со глава од пет метри за наша среќа голот не го погоди Мираниjан.
Второто полувреме започна со огромна шанса за Ерменците во 49 минута. По уште еден добар продор по левата страна уфрлена топка на пеналтикот и од некои пет метри шутираше Зеларајан, но Димитриевски со феноменална интервенција го спаси нашиот гол.
По еден мирен период и на двете страни,првата шанса и тоа неверојатна ја имаше ЕНис Барди од слободен удар од 63 минута.Директен шут кој со крајни напори успеа да го одбрани домашниот голман, за потоа на одбиената топка ,налета Дарко Велковски и не успеа да реализира.
Пак период на мирна игра и на двете страни, се до 72 минута кога Бојан Миовски со инзворен удар ја затресе мрежата на домашната репрезентација за водство од 1-0 за Македонија.Гол за најавните шпици и минимална предност на нашата репрезентација
Теренската иницијатива ја крунисавме со уште еден гол во 85 минута, откако Елмас продре по страната Алиоски ја прими топката и веднаш ја проследи до Алими кој прецизно биеше за 2-0 за Македонија.
До крајот на натпреварот јалова иницијатива на домашните, но на крајот нашиот национален тим ја обезбеди победата.