„Владата треба да каже кој е планот, треба да каже имаат ли воопшто план како напред. Премиерот најавува дека има поддршка од некои земји да ние ја подобриме таа преговарачка позиција односно некакво одложено дејство на уставните измени. Министерот Муртезани го демантираше во тоа. И затоа ние инициравме собраниска седница затоа што Собранието е местото каде што се дискутираат такви работи и се носат одлуки како понатаму“, нагласи претседателот на СДСМ.
Филипче повика премиерот да каже кој е планот, кои земји членки од ЕУ во тој план го подржуваат.
„Ако има консензус да тој план биде прифатлив, а ако тој план ги подобрува нашите преговарачки позиции, ние тој план ќе ги прифатиме. Тука нема дилема и ние тоа го кажуваме цело време, меѓутоа прашање е до кога ќе чекаме.
Филипче потсети дека Македонија во целокупниот изминат приод, повеќе децении, немала лесен пат во преговорите и пристапувањето кон ЕУ.
„Сме имале, многу блокади. Но ова е првпат да ние се самоблокираме и не го направиме следниот чекор и за тоа, ексклузивно е виновна оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ“, потенцираше Филипче во интервјуто за ТВ Сител.