Поранешниот функционер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и екс-пратеник, Илија Димовски, смета дека не е важно тоа што Албанија се одвои од пакетот со Македонија на патот кон европското семејство, бидејќи верува дека сите земји од Западен Балкан заедно ќе влезат во ЕУ.

„Членството на Албанија во ЕУ во 2030 година нема да се случи. Да бидеме реални. Верувам дека членството на сите земји од Западен Балкан ќе се случи заедно. Мора да бидеме искрени дека нема расположение за проширување во ЕУ“, рекол синоќа Димовски во емисијата „КликПлус“.

Димовски зборуваше и за евентуалните уставни измени и внесување на бугарското малцинство во Преамбулата.

„Предлогот за уставните измени со одложено дејство е оправдан. Иако нема дилема дека Македонија и да го отвори Уставот, сепак ќе има проблеми, мора да се погрижиме Бугарија да не ни прави повеќе проблеми“, констатира поранешниот пратеник.