Бремената Ема Ако, која почина при пад од 17-ти кат на кула во Лидс, во својата утроба носела мало девојче кое го преживеало неверојатниот пад од височина од 27 метри и моментално е во болница.

Малата Пози, која е родена пет недели порано, била сликана со нејзината сестра која ја поддржува додека е во инкубатор. На сликата се гледа дека постарата сестра ја држи раката на градите на бебето, пишува Метро.

Бебето моментално се наоѓа на Одделот за интензивна нега во критична состојба по падот во кој вчераутро умре нејзината мајка Ема во Лидс.

Полицијата се огласи веднаш по смртта на Ема и рече дека „нема сомнителни околности“ околу нејзината смрт.

“Ми требаш многу мамо, те молам дојди дома. Само сакам да те бакнам и да го слушнам твојот глас. Те сакам повеќе од животот мамо. Беше многу сакана мамо, сакам да го знаеш тоа”, напиша ќерката Деми на мрежите. .

Во последната објава на Фејсбук, објавена еден месец пред нејзината трагична смрт, Ема објави фотографија на која позира со труднички стомак и нејзината ќерка пред огледало.

„Тоа е девојче, не може да биде посреќна“, напишала таа со фотографијата.

Сосед кој живеел на 14-ти кат се сеќава дека слушнал „туп“ и врисок, јавува Би-Би-Си.

„Тоа е шок за сите, за целата заедница“, рече тој.