Министерот за транспорт и врски и вицепремиер Александар Николоски, синоќа во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше и за состојбата со железницата. Николоски го повика обвинителството да истражи зошто се купени за 26 тркала за локомотивите, иако имало потреба од 32.
„Кога станав министер, имаше нула оперативни локомотиви, имаше 15 композиции кои лежеа на пругата меѓу Гевгелија и Куманово, со роба, и прашање на време е кога ќе плаќавме казни затоа што не е испорачана, затоа што немавме локомотиви. Имаме четири локомотиви има осум тркала, и наместо да се купат 32 тркала, купиле 26 тркала. Сега веќе имаме четири функционални локомотиви. До крајот на годината ќе имаме 10 локомотиви функционални. Ако во август по нашите пруги поминаа вкупно 12 товарни воза, само во првата недела на септември поминаа 17 товарни воза. Следната година ќе биде многу посилна, затоа што работиме на една стратегија како да ја поправиме железницата“, рече Николоски.