Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Западот одлучил да му даде на украинскиот претседател Володимир Зеленски 50 милијарди долари за тој „да престане да зборува за нуклеарно оружје“.

„Минатата недела во Брисел, Зеленски повторно одлучи да постави ултиматум до целиот свет: Или Украина ќе добие членство во НАТО, или ќе има нуклеарно оружје. Сега официјалната формула на Зеленски звучи вака: Украина го избира НАТО и, со цел да не муабетиме за нуклеарно оружје, таа доби 50 милијарди долари“, рече Захарова, пренесе ТАСС.

Според неа, Зеленски „одлучил да ја збогати светската историја со политика на пораз“.

„Неколку години по ред, овој крвав шоумен секогаш избира понижување и војна во исто време“ – рече Захарова.