Владата на Иран планира да го зголеми воениот буџет за околу 200 проценти, изјави владината портпаролка Фатемех Мохаџерани.

Планираното зголемување на буџетот за одбраната е дел од предлогот за државниот буџет, што Владата го поднесе до Парламентот на одобрување.

Зголемувањето на буџетот за одбрана уследи по повеќемесечните напади помеѓу Иран и Израел.

На 26 октомври Израел го нападна Иран како одговор на иранскиот ракетен напад врз Израел на 1 октомври.

Техеран вчера соопшти дека „ќе ги искористи сите расположливи средства“ за да одговори на израелскиот напад.

фото: ЕПА