Последните податоци на Европската конфедерација на синдикати покажуваат значителни разлики во висината на минималните плати меѓу земјите од Европската Унија.

Земјите како Луксембург (2.571 евра), Германија (2.151 евра), Холандија (2.183 евра) и Ирска (2.146 евра) се издвојуваат со минимални плати над 2.000 евра, со што се обезбедува значително повисок стандард за нивните работници со најниски примања.

Во Франција оваа сума е 1.767 евра, додека во Шпанија минималната плата е 1.323 евра.

Од друга страна, Бугарија има најниска сума во рамките на ЕУ, каде минималната плата е само 477 евра.

Минималната плата во Хрватска е 840 евра бруто месечно, што ја става во долниот дел од рангирањето на ЕУ.

Во Македонија минималната плата е 22 567 денари или 367 евра во нето износ.