Државните правобранители кои работат на предметите за експропријација на земјиштата за коридорот 8 бараат додаток на платите од 30%, во спротивно 11ти идниот месец најавуваат штрајк, а со тоа и стопирање на експропријацијата.
Ова го најавија пред судот во Гостивар, од каде посочија дека почнуваат со двочасовни протести се додека не го добијат покачувањето.
Од УПОЗ апелираат Владата што поскоро да го разгледа ова барање, со цел да не се стопираат работите на коридорот.
– Апелираме Владата да не слушне и веднаш да почнеме постапка со која би го решиле овој проблем, доколку истата не започне на 11ти ноември вработените во сите единици на правообвинителството ќе започнат со штрајк, доколку започнеме со штрајк ниту една експропријација нема да се работи и ќе нанесеме огромна штета на државата и граѓаните.- Трпе Дејаноски – претседател на УПОЗ.
Според Дејаноски со овој револт на државните правобранители, останува неизвесно дека сите постапки за експропријација ќе бидат готови до нова година, како што најави директорот на државни патишта Коце Трајановски.Тој вели дека владините претставници токму од Гостивар пред два дена посочиле дека работата околу експропријација е 50% завршена, и нејасно е зошто вработените добиваат плата која е под секое достоинство. Дејаноски нагласи дека станува збор за 118 правобранители чија просечна плата изнесува околу 28.000 денари.
– Само вработени од одделението во Гостивар кои се 10 на број од почетокот на годината до денеска имаат завршено 1300 предмети за експропријација и уште 2500 до 3000 други предмети по други основи. Наместо плата добиваме само пофалби и тапкање по рамо а платата што ја носиме дома е далеку под секое достоинство. Бараме државата да одвои барем малку од оние огромни средства кои се наменети за изградба на автопатиштата и дел од тие плати и додатоци да пренамени за вработените во обвинителството,- Трпе Дејаноски – претседател на УПОЗ.
Дејаноски објаснува дека одобрувањето на додатокот на платата кој го бараат е во надлежност на државниот правобранител кој бил именуван вчера. Затоа нараат нивните барања да бидат разгледани што поскоро од владата до каде досега упатиле некоку барања за средба, но одговор се уште не добиле.