52 отсто од граѓаните прифаќаат уставни измени со одложено дејство кои би стапиле на сила со влезот на Македонија во ЕУ, вели последната анкета на на ИПИС, направена со телефонски и теренски дел – едната во периодот од 9-ти до 13 октомври на 1500, а теренската од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници.

42 проценти се против промена на Уставот и со ваков услов. Гледано етнички, 49% Македонци се противат на уставни измени со одложено дејство, а за 42 се прифатливи. Кај Албанците, 52 се за, а 39 отсто се против вакво решение.

Во истата анкета, 47 отсто од Македонците се против уставни измени со гаранции од Европскиот парламент со истовремена регистрација на македонските здруженија во Бугарија, а 44 насто се согласуваат со вакви гаранции. Кај Албанците, дури 77 насто се согласни со ваков чин, а кај останатите заедници 40 проценти се противат на ваквиот чекор.

Против прифажањето на Францускиот предлог се 53 отсто од граѓаните, а 28 отсто се согласуваат со него. 19% не одговориле. Кај Македонците, 66% се против, а само 18 отсто го прифаќаат.