Криминалот и корупцијата се најголеми проблеми со кои се соочува Македонија и Владата мора итно да ги реши. Ваков е ставот на 37, 5 отсто од испитаниците во последната телефонска анкета на ИПСОС, спроведена од 9 до 13 октомври на 1200 испитаници.

За 19,7 отсто од анкетираните, економијата и животниот стандард се најголем проблем, а потоа се невработеноста, високите цени, квалитетот во образованието, здравството…

На прашањето во каква насока се движи земјата, 25 отсто одговориле дека оди во позитивна насока, 24,9 донекаде позитивна, 12,5 донекаде негативна, негативна 24,3 отсто, а со не знам или немам одговор биле 13,2 отсто од испитаните граѓани.

Во текот на октомври и владејачката ВМРО-ДПМНЕ спровела партиската теренска меѓу 1005 испитаници.