Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања и да утврдат по една и пол година од вашата влада ЗА кој пат се!, напиша претседателот на ДУИ, Али Ахмети на неговиот фејсбук профил како одговор на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски за заеднички парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.

Ахмети пишува дека Демократската унија за интеграција ја добила апсолутната поддршка од граѓаните во сите изборни процеси од 2002 до 2024 година. Тој посочува дека како резултат на изборните победи низ годините, ДУИ бил во владини коалиции заедно со СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, но и со Алијансата за Албанците, Беса, Алтернатива, ДПА, додека другите експоненти биле дел од нашата одговорност во овие 22 години, во нивните заеднички коалиции.

Заедно ги делевме обврските, сработеното и нестореното, објави Ахмети, додавајаќи дека ДУИ не ги смениле ставовите, туку сите други ги смениле позициите во зависност од околностите, како што пишува, дали се со нас во коалицијата или не.

Затоа, не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност во континуитет во овие 22 години, која одговорност секогаш се споделувала со вас, туку да го почитуваме гласот на суверенот, да се престане со понижувањето на Албанците, да ја интегрираме земјата во Европската унија, за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за целосен ветинг на политичарите, судиите, обвинителите, олигарсите, процесот на приватизација, како и меѓународно мониторирана неселективна правда, пишува Ахмети.