Гувернерот на државата Вашингтон, Џејн Инсли, изјави дека ќе ги активира припадниците на Националната гарда да бидат во состојба на готовност, откако доби информација дека може да дојде до насилство на денот на изборите, пишуваат Репортери.
„Врз основа на општи и конкретни информации, како и загриженоста за можноста за насилство или други незаконски активности поврзани со општите избори во 2024 година, сакам да бидам сигурен дека сме целосно подготвени да одговориме“, рече гувернерот.
Според него, стотици гласачки ливчиња биле оштетени или уништени со употреба на запаливо средство во гласачка кутија во Ванкувер.