Дете се здобило со сериозни повреди по каснување од куче во Кавадарци. Оваа информација вечерва ја потврди доктор хирург Благој Митев, началник на хирургија во болницата во овој град.
-Се работи за сериозни повреди што не се за потценување. Станува збор за дете на околу шест години. Каснувањето било вчера попладне, јас бев на работа кога го донесоа детето. Имаше две рани на лицето плус греботини. Три на предниот дел од абдоменалниот ѕид, една од околу четири и две од околу по три сантиметри длабочина. На бутната регија, две поголеми рани. На потколеница, 3-4 рани и други повреди. Изготвивме медицински извештај. Требаше да биде хоспитализирано но родителите одбија од лични причини и рекоа дека редовно ќе го носат на преврски, појасни докторот.
Самиот по службена должност пријавил во полиција, а кога оттаму го прашале дали да се информира обвинителството, им дал позитивен одговор.
Фото: Архива