Гласините дека авганистанската влада разгледува закон со кој ќе се дозволи мажи да гледаат во жени само 14 секунди, предизвика мајтап, иронија и сатира на тамошните социјални мрежи.
Иако Министерството за права на жените најави дека таков закон е во подготовка, на гласините дека казна за предолго гледање во жена ќе биде 130 долари за многумина беше неодолив шлагворт за ирочнични коментари.
Една корисничка, Самира Садат, сугерира девојките во иднина да носат штоперици.
Нејзин пријател како метода за избегнување на кршење на тој закон предлага едно трепкање со очите во 13 секунди „зјапање“.
Трендот стана вирален во изминатите неколку денови особено на Фејсбук, а се чини и дека многу корисници сметаат дека тој закон веќе е на сила.
Иако во пораките на социјални мрежи има многу иронија, тие насоки нагласуваат и длабоко вкоренет проблем на злоставување жени на авганистански улици. Во таа конзервативна држава жените редовно вербално и психички се злоставуваат кога ќе излезат од дома.