Министерот за одбрана Владо Мисајловски, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека институциите сериозно треба да ги испитаат индициите за следење на премиерот Христијан Мицкоски, кој во Собранието обелодени дека бил следен од власта со дронови додека бил во опозиција.
„Ја имавме првата конститутивна седница на Советот за безбедност, каде што можевме да ги слушнеме моменталните состојби во Македонија и пошироко, имаа излагања и АНБ, и Генералштабот. Можам да кажам дека безбедносната ситуација во Македонија е стабилна, но многу треба да водиме сметка за многу повратници од жаришта, и за протекување многу доверливи информации меѓу службите. Особено онаа информација која протече дека премиерот го следеле додека бил претседател на опозицијата, но и многу лица од опозицијата, и тоа мора да се истражи“, рече Мисајловски.