Членките на НАТО денеска објавија дека распоредувањето на севернокорејските трупи е „опасно проширување“ на поддршката на таа земја во војната на Русија против Украина.
Во заедничката изјава, 32-те земји-членки на воената Алијанса предупредија дека „продлабочувањето на воената соработка“ меѓу Русија и Северна Кореја „длабоко влијае на евроатлантската безбедност, со импликации и за Индо-Пацификот“, објави Ројтерс.
Сооопштението на НАТО беше поддржано и од Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Украина.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кон крајот на октомври изјави дека севернокорејски војници биле испратени во Русија и дека севернокорејските воени единици биле распоредени во областа Курск.
NATO condemns Russia and North Korea for “dangerously” expanding Ukraine war#NATO #Russia #NorthKorea #UkraineWar https://t.co/UaIjhoBHsX
— baha (@bahabreaking) November 8, 2024
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера по средбата со Рута изјави дека „е потребен поодлучен одговор од западните земји на новата улога на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина“.