Членови на Судскиот и Советот на јавни обвнители не треба да бидат во Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители. Антикорупциска на денешната седница заклучи дека номинирањето четворица членови е незаконско. Постоеле ризици од корупција и судир на интереси.

Функциите во Управниот одбор на академијата за кои се добива дополнителен паричен надоместок, наместо за себе, советите биле должни да ги доделат на активни судии и обвинители. ДКСК повика да ги повлечат предлозите за членови на Управниот одбор на Академијата.

Судски и советот на обвинители во понеделникот преку писмени соопштенија се обидоа да ги оправдаат номинациите на Антоанета Димовска, Ханиф Зендели, Душица Димитриевска и Башким Бесими. Немало прекршување на законот за спречување корупција. Изборот бил востановена пракса. За антикорупциска, таквите тврдења се неприфатливи.

Според Законот за спречување корупција и судир на интереси, веќе избрани и именувани лица не може да учествуваат во управувачки тела на други државни институции, потсетува ДКСК. Истовремено, на членовите на советите, им мируваат функциите како судија или јавен обвинител, па тие не може да бидат ниту во Управниот одбор на Академијата, велат од Антикорупциска.