Главниот град на Македонија утрово се најде на седмото место во светот по загаденост на воздухот, со индекс на загадување од 151, што го прави опасен за дишење.

Скопје во зимскиот прериод постојано руши рекорди во поглед на загадувањето, а ветувањата на градските власти за намалување на концентрацијата на честичките останува само на хартија. Од регионов само Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, е меѓу 10-те најзагадени градови во светов и се наоѓа на 8-то место позади Скопје.

На оваа црна ранг листа од Европа само Скопје и Сараево се меѓу 10-те најзагадени градови во светот.