Народот на Украина е исцрпен од борбите, по повеќе од две години конфликт со Русија, а повеќето од нив веќе не размислуваат за никаква победа и сакаат само преговори и мир, покажува истражувањето на аналитичката компанија „Галуп“.

Според резултатите од последното истражување, кое беше спроведено помеѓу август и октомври, во просек 52 отсто од Украинците сакаат нивната земја да преговара за крај на конфликтот што е можно поскоро, а речиси четворица од 10 Украинци или 38 отсто, сметаат дека нивната земја треба да продолжи да се бори „до победа“.

Ваквиот став кон продолжување на конфликтот укажува на промени во украинското општество, имајќи предвид дека на почетокот на руската специјална воена операција во 2022 година, дури 73 отсто од нив биле за продолжување на борбата.

Поддршката за борба „до победа“ се намали во текот на минатата година, но дури и тогаш повеќе од половина од анкетираните Украинци беа за продолжување на борбата – 63 проценти, додека само 27 проценти од Украинците беа за мир преку преговори.

Заморот годинава се зголеми, па денеска оние кои го поддржуваат мирот првпат се мнозинство и сочинуваат 52 отсто од анкетираните, пренесува „РТ Балкан“.

Поддршката за продолжување на борбите најмногу падна во регионите далеку од линијата на фронтот, вклучувајќи ја Киевската област и западниот дел на земјата. Меѓу Украинците кои живеат на поранешниот исток на земјата, т.е. во новите области на Руската Федерација, повеќе од двојно повеќе луѓе сега сакаат конфликтот да заврши што е можно поскоро во споредба со оние кои не го сакаат тоа.

Голем број Украинци кои се за преговори за брзо завршување на војната веруваат дека Украина треба да биде отворена за отстапување на одредена територија во замена за мир.

Истражувањето не содржеше подетални прашања за територијални отстапки.