Американскиот претседател Џо Бајден денеска наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД.
Бајден денеска немал јавни должности, пренесува Ројтерс.
Тој се врати во вторникот вечерта од патувањето во Јужна Америка, каде што учествуваше и на самитот на Г20 во Рио де Жанеиро.
Семејството, пријателите и колегите, вклучително и првата дама Џил Бајден и поранешниот американски претседател Барак Обама, му го честитаа роденденот на Бајден на социјалните мрежи.