ПРИЛОГ НА 4 ЊУЗ ЗА СИРОМАШТИЈАТА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА:

„Понекогаш не сакам да се вратам дома затоа што не можам да го пуштам греењето и да го загреам домот.“

„Работам пет дена во неделата и сè уште треба да користам помош од заедницата.“

Ова се две сведоштва на луѓе, какви што ги има милиони во Велика Британија кои се на платена работа, но сè уште се борат да врзат крај со крај.

„Нема смисла дека треба да поминеме низ сето ова. Ние ги броиме парите секој ден“.

Политичарите постојано им кажуваат на гласачите дека најдобриот начин за излез од тешкотиите е да се најде работа, но за се поголем број луѓе тоа едноставно не е доволно.

Луѓе како Мелани:
„Кога е избор помеѓу вие да набавите нови чевли и вашата ќерка да земе нови чевли, вие купувате супер лепак за да ги залепите вашите чевли, а да купите нови за ќерката. И јас го правам тоа. Не треба да биде така. Навистина не треба“.

„Не мора да изгледате како да немате ништо за да немате ништо. Не пзарам за цела недела, туку секојдневно одам во продавница за да купувам по поволни цени, и одам од еден до друг супермаркет. Ги бројам парите секој ден“, вели Мелани.

ВОДИТЕЛ: Откако ќе ги купите сите неопходни работи за месецот, колку ви останува?
МЕЛАНИ: Ништо. Ништо. Ние не живееме живот; ние само преживуваме“.

Во последните 14 години, Мелани работи во локално училиште како асистент за поддршка во учењето.
„Отсекогаш сум имала барем една или две работи. Работев насекаде – центри за повици, сезонска работа, чистење на локалниот фудбалски тим…“

ВОДИЕТЛ: Дали сте го направиле сето тоа?
МЕЛАНИ: Да, таму ја добив маицата. Го правам тоа за моите деца. Сите три мои деца, ја видоа мама како дава се од себе. Но, имаме многу болести на персоналот поради преоптоварување, а вие сте очајни. Имате толку многу, но ништо не ви останува кога ќе се вратите дома. И си мислиш: „Дали вреди да станам и да одам на работа наутро?“

Онаму каде што Мелани живее во Јоркшир, речиси секој четврти човек живее во сиромаштија. На североисток ситуацијата е уште полоша. Да се ​​живее во сиромаштија речиси секогаш значи да се бориш да ставиш храна на трпезата. Со оглед на тоа што бројот на непрофитните организации кои собираат храна, а потоа ја донираат на сиромашните достигнува рекордно ниво, продавниците во заедницата како оваа во Јужен Тајнсајд се појавуваат низ целата земја за да ја пополнат празнината помеѓу зголемените трошоци и стагнантните плати.

„Ќе земам јајца, банани и компири. Моето мало момче сака јајца, па вреди. Дозволено е да доаѓате овде еднаш неделно, а чини 4 фунти. Работам само со скратено работно време. Сепак, јас сум над прагот за добивање каква било помош од владата. Не можам да користам храна од организациите кои им помагаат на сиромашните да се прехранат, па иако се мачам како самохран родител, не можам да добијам никаква помош од никаде. Значи, ова е добар начин да го направам тоа. Кога ќе го напуштите училиштето, никогаш не помислувате: „Ова ќе бидам јас — користејќи продавници за сиромашни во заедницата и обидувајќи се да добиете храна од добротворните организации за храна. Мислите дека ќе можете да обезбедите, но неколку недели не можам. Нема шанси да го купам ова од супермаркет, затоа што таму е премногу скапо“, вели една Британка.

„Јас работам, а и мојата сопруга работи, но неодамна нашите деца штотуку дојдоа во земјата – четири од нив – па јадат многу. Она што го заработуваме како приход веројатно не е доволно. Тоа е минимална плата, така што не ги покрива сметките, киријата и се што треба да платиме. Затоа морам да го сторам ова“, вели друг.

Рекорден број луѓе во Велика Британија наоѓаат работа, но многу од тие работни места се несигурни. Додека стапките на инфлација полека се подобруваат, реалните плати и бенефиции не се доволни. Мелани која оваа недела работи со скратено време, вели:

„Значи, да, оваа недела е убаво да имате слободно време, но сепак се грижите. Сега сте дома цел ден, штедејќи го вашиот гас и струја. Но, кога сте дома, прашањето е што ќе јадете оваа недела? Порано готвев секој ден, но сега не можам да си дозволам. Така, кога готвам, правам дупло за да има и за следниот ден. И знаете што? Не го сакам ова за моите деца. Кога ќе излезат и ќе станат возрасни, не сакам да ме гледаат како се борам“.

ВОДИТЕЛ: Што би сакале да се случи?
МЕЛАНИ: Би сакала да видам дека нашите плати се зголемуваат за да имаме подобар квалитет на живот. Не сакам флеш автомобил или фенси тренерки. Само сакам да можам да станам наутро и да помислам: „Можам да го пуштам греењето денес. Тоа е се што ни треба. Сакам да одам на работа и да можам, кога ќе се вратам дома, да уживам во она што сум го заработила. Но, сега, немам во што да уживам“.

Бројот на вработени возрасни кои живеат во сиромаштија се зголеми за 56% за 25 години.

„Порано, татко ми работеше, мајка ми остана дома, а ние имавме сè. Сега, двајца луѓе можат да работат, а вие сè уште не можете да си дозволите да ставите оброк на маса навечер“.

„Треба да нè слушнат, треба да нè видат и да ни се верува. Ние не сме само бројка; ние сме луѓе“, вели Мелани.

Владиниот портпарол изјави:
„Обезбедуваме 104 милијарди фунти поддршка за трошоците за живот, во просек 3.700 фунти по домаќинство, вклучувајќи инвестирање над 2 милијарди фунти во Фондот за поддршка на домаќинствата за да им помогнеме на оние на кои им е најпотребна, како и зголемување на пензиите и бенефициите. Од 2010 година, има 1,7 милиони помалку луѓе кои живеат во сиромаштија. Ние знаеме дека работата е најдобриот пат за излез од сиромаштијата, затоа одиме уште подалеку – ја зголемуваме националната животна плата, го намалуваме националното осигурување, ја намалуваме инфлацијата и инвестираме милијарди преку нашиот план за враќање на работа за да ги срушиме бариерите за работа, за да можат уште повеќе луѓе да обезбедат долгорочна финансиска сигурност“.