Пентагон не гледа знаци на присуство на севернокорејски војници во Украина

/ 26.11.2024

Американското Министерство за одбрана нема податоци што укажуваат на тоа дека севернокорејски војници се присутни на окупираните украински територии или се упатуваат таму.

Тоа синоќа на брифинг го изјави заменик-портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг, јавија украински медиуми.

„Нема знаци дека има севернокорејски војници во Украина“, рече портпаролката одговарајќи на новинарско прашање.

Таа истакна дека Пентагон може да го потврди присуството на севернокорејски војници во руската област Курск, што граничи со Украина. Според неа, не е забележано движење на севернокорејски војници на украинска територија.


Од истата категорија