Мнозинството министри на британската премиерка Тереза Меј сметаат дека нејзиниот план за Брегзит е „мртов“ и разгледуваат други опции, меѓу кои и опцијата за втор референдум, објави британскиот весник „Тајмс“.

Следната недела Меј треба да разговара со министрите за новите ставови.

Една група министри, меѓу кои се и министерката за труд и пензиски систем Амбер Руд и министерот за финансии Филип Хамонд, ја претежираат опцијата за нов референдум, доколку сите други опции се потрошени, пишува „Тајмс“.

Друга група министри, меѓу кои се министерот за заштита на животната средина Мајкл Гов и министерот за внатрешни работи Саџид Џавид, се противат на идејата за референдум.

Останатите министри, меѓу кои е и министерот за надворешни работи Џереми Хант, сакаат да го ризикуваат излезот од ЕУ без договорот, пишува британскиот весник.