Украински православни свештеници денеска во Киев ќе ја втемелат Украинската православна црква чија автокефалност ја призна Цариградската патријаршија, а Русија таа одлука ја нарече „катастрофална и раскол“.
Руската православна црква соопшти дека патријархот московски Кирил испратил писмо до генралниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, до германската канцеларка Ангела Меркел, до папата Франциско и други верски лидери со барање од нив за помош во заштита на свештениците, верниците и верата во Украина.
Украинските православни свештеници денеска ќе се состанат за да формираат нова независна украинска црква. Украинската црква беше дел од Руската црква, но украинскиот претсеател инсистираше на формирање независан црква. Новоформираната црква се очекува да добие независност од Царигрдската патријаршија.
Украинските власти најавија заострена гранична контрола пред денешниот црковен собор на обединување односно прогласување автокефалност на Украинската црква.