Мирот во Украина не може да се воспостави поради политичката ситуација во САД и различните цели на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и администрацијата на Џо Бајден во заминување, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан истакна дека инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари ќе ја олесни ситуацијата, а републиканецот „ќе донесе мир“.
Според западните медиуми, во моментов има три планови за идната американска администрација, еден го подготви идниот потпретседател Џеј Ди Венс, вториот од поранешниот директор на националното разузнавање Ричард Гренел и третиот од Кит Келог, кого Трамп го предложи да биде нов американски специјален претставник за Украина.
За време на неговата изборна кампања, Трамп постојано зборуваше за неговата намера да го прекине украинскиот конфликт во рок од 24 часа по преземањето на функцијата претседател на САД.