Прилог на CNBS кој ја нарекува Грција „земја со градови-духови“:
Грчката министерка за социјална кохезија и семејни прашања, Софија Закараки:
Грција многу години е миграциска земја. Луѓе се доселувале, мигрирале, луѓе заминале од економски причини. Назад во 60-тите, видовме дека овој многу голем проток на луѓе, како нашите баби и дедовци, заминувале во САД, заминувале во Германија, бегале во други земји за да најдат посигурна и постабилна финансиска состојба. Се разбира, ова е постариот дел од иселениците. И видовме голем проток на млади, динамични, добро образовани, академски заслужни луѓе кои заминаа по 2010 година, за време на големата финансиска криза. Речиси половина милион луѓе заминаа, а тоа беа луѓето на кои навистина ги фокусиравме надежите. Тие отидоа во други земји, главно низ Европа и во Соединетите Држави, и таму ги создадоа своите семејства.
Водител:
Зачудувачки сум заинтересиран за оваа тема бидејќи мислам дека иднината на растот на БДП е заснована на стабилно население, односно на растечко население. Ги гледам демографските проблеми, а тоа се случува долго време. Порано се грижев само за Јапонците, а бев загрижен и за Кинезите поради нивната политика за две деца. Сега, морам да се грижам за Грците, особено.
Карен Гилкрист, соработник на CNBS од Лондон:
Само гледате до каде е ова прашање и како е толку распространето. Мислам, некои од овие елементи се специфилно карактеристични за Грција.
Водител:
Ме интересира – зошто?
Карен Гилкрист:
Сè уште има остатоци од грчката финансиска криза, како што рече министерката. Многу луѓе или мигрирале или доцнеле да створат семејство. Потоа, се разбира, тука е трендот на урбанизација каде луѓето се преселуваа во големите градови. Сега, околу 50% од населението живее во Атина или Солун, во овие големи градови и тоа значи дека има огромни области во земјата кои се целосно ненаселени. Значи, тоа доведе до ова ширење на напуштени градови.
Водител:
И тоа е проблем и за младите луѓе на островите.
Карен Гилкрист:
Да, точно, островите, кои се многу фокусирани на туризмот. Тоа значи дека овие луѓе имаат многу сезонска работа…
Водител:
И тие не можат да си ги дозволат имотите таму поради сите богати луѓе, знам дека неколку наши гледачи поседуваат имот на овие острови.
Карен Гилкрист:
Да, и тогаш ги гледате овие други земји кои излегоа со забрани против “Airbnb” и слично затоа што ги зголемија и трошоците за сместување. Значи, тоа е навистина многу распространето прашање. Како што реков, има одредени работи кои се многу специфични за Грција, и може да се види дека тоа е прочистено. Мислам, вие само талкате низ делови од земјата кои сега се целосно ненаселени, и тие доведоа до оваа пролиферација на таканаречените градови и села на духови кои имаат речиси нула или целосно нула популација. Луѓето или мигрирале, или сфаќаат дека таму веќе нема инфраструктура – училиштата се напуштени – па луѓето повеќе не ги одгледуваат своите семејства таму. И постарото население изумре. Тогаш го гледаме овој огромен пад на наталитетот. Грција има една од најниските стапки на фертилитет во Европа, приближно на еквивалент на Јапонија и Кореја.
Водител:
Јас пораснав одејќи во Грција. Сега гледам дека Гркинките само велат: „Не, нема да родам многу деца за демографијата на грчкото население. Јас всушност сакам да станам професионалец“.
Карен Гилкрист:
Да, мислам дека тие семејни вредности сè уште се таму, и тие се уште се силни. Го гледате тоа во однесувањето на луѓето, но како што велите, луѓето им даваат приоритет на нивните професии. Со грчката финансиска криза, тие не беа во можност да основаат семејства, и тоа поттикна ваков вид на психолошка промена. Но, некои од нив и пред тоа. Мислам, министерот повторно рече дека ова започна околу 50-тите и 60-тите години кога луѓето мигрираа во Соединетите Држави и таму ги основаа своите семејства. Потоа, уште еден економски пад во 80-тите доведе до пад на наталитетот во тој момент. Сега гледаме многу помалку жени во репродуктивна возраст способни да го сторат тоа.
Водител:
Но, напуштените граговид немаат целосен фајбер интернет. Тоа е еден од проблемите, нели? Да, и мислам дека ова е дел од решението и од министерката. Ако сакате луѓето да останат во овие рурални заедници, мора да им понудите технологија од 21 век. Ќе чини многу пари за поставување на инфраструктурата за луѓето да можат да работат на овие прекрасни места.
Карен Гилкрист:
Да, и тие објавија – па министерката таму, која е одговорна за семејствата и социјалната кохезија – тие најавија финансирање од 20 милијарди евра до 2035 година. Ова е особено за поддршка на семејствата: даночни олеснувања, поддршка за деца, зголемено родителско отсуство и слични работи. Значи, постои тоа. Но, се разбира, мора да има стимулации за инвестирање во инфраструктурата и работите за да им се овозможи на овие пооддалечени области да можат да ги поддржат семејствата, како и поголемите градови.
Водител:
…Размислете која земја во Европа – во ЕУ – која го имаше најголемиот предизвик со имиграција од страшните настани на Блискиот Исток. Размислете. Веројатно би помислиле на Италија, и јас го разбирам тоа, но тоа е Грција. Грција беше прва на фронтот. Значи, имате десетици илјади, ако не и повеќе, луѓе кои доаѓаат од исток поради разорните војни во Сирија и на други места, и имате опаѓање на грчкото население. Тоа разгорува национализам.
Карен Гилкрист:
Сосема се согласувам. Само се прашувате како владата ќе размислува за ова. Мислам, премиерот предупреди на егзистенцијален колапс на населението. Тие предупредуваат дека населението може да се намали за една четвртина до 2050 година. Но, тогаш ќе го видите овој прилив од друго место.