Финансиска полиција ги проверува јавните набавки во Државната лотарија. Неофицијално шест тендери во периодот од 2022 до 2024 се предмет на истрага. Станува збор за набавки за компјутери, компјутерска опрема и телевизори од компанијата Ритрон Копи која е со седиште во Куманово, а сопственикот е од Липково. Фирмата е формирана во мај 2014-тата година.

Со неа се склучени договори во износ од 402 261 евра, за телевизори за инсталација на електронски игри, телевизори за продажните места на деловни соработници, копмјутери и комуникациска опрема .

Неофицијално на барање на финансиската полиција е извршен и попис во Државна лотарија, меѓутоа официјалните документи се уште инспекторите не ги добиле.

Она што е може да се забележи е дека од 2020 до 2023 година Ритрон копи склучува тендери и со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, каде министер беше Артан Груби. Вкупно се потрошиле 67.904 евра.

Првиот договор е склучен на 9-ти декември 2020 во износ од 6 504 евра, потоа во јуни 2021 во износ од речиси 20 илјади евра па  на 8-ми март 2022 е склучен договор со Договорот е тежок над 24 илјади евра и е за набавка на компјутерска опрема. Година дена подоцна, на 27 април 2023 та година истото министерство повторно склучува договор со Ритрон Копи во износ од 16.238 евра.

Приказната за Ритрон Копи и тендерите во Лотарија се поврзува и од друга страна и тоа преку сопственикот на АП Солутионс, 19 годишниот кумановец Фљамур Невзатовски кој склучи тендер со Лотарија во износ од околу 205 илјади евра и тоа за набавка на апарати за коцкање за Државна лотарија. Спорно е што како токму Невзатовски во истиот период кога станува сопственик на АП Солутионс бил вработен во Ритрон копи.

Неофицијално, се истражува и  договорот за закуп на поранешниот ресторан за свадби во скопско Визбегово. Според него Државна лотарија требаше да плаќа околу 25.000 евра месечна кирија со ДДВ, односно околу 2.6 милиони евра за период од 10 години.

Досега официјално кривични пријави има само за организирање игри на срежа без лиценца, за незаконско формирање на Нова државна видеолотарија како и за набавка на видеолотариски терминали. Вкупната штета се проценува на над 8 милиони евра.