СДС наместо смислуваат приказни и нон сенс соопштенија, кои се неболузни и надвор од здравиот разум подобро би било да се позанимаваат со причините зошто ги снема на политичката мапа и рејтингот им е 5 спрема 1 во анкетите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Разбирлива е реакцијата на СДС, бидејќи самите си го опишаа почетокот и крајот на владеењето СДС-ДУИ, па досетливиот режисер го преименува слоганот од „нема правда, нема мир во „правдата избега“.

СДС знаат дека правдата им избега затоа што сите знаеа, молчеа и дозволија криминалните шеми како онаа на Груби за Лотарија да функционират.

СДС знаат дека правдата им избега кога наместо да го санкционираат криминалот корупцијата и криминалните тендери дозволија тие да навлезат во секоја пора во општеството.

СДС ја заборавија правдата и владеењето на правото бидејќи за да се задржат ден повеќе на власт дозволија да бидат соучесници во криминалот.

СДС и ДУИ се партнери во криминалот. СДС беше само асистент на Груби и се им беше дозволено бидејќи тоа им беше неопходно за не падне владата и опстане коалицијата а со тоа и криминалните шеми“, потенцираат во соопштението.

-Во СДС ништо не се менува, на СДС веќе никој не им верува а за тоа доказ е рејтингот кој тоне и е 5 спрема 1, и СДС се сведе на ниво на невладина организација која само ги спои двете крила, едното на Заев, Фондација Заев и другото на Фани и Фондација Сорос, додадоа од партијата.

-Време е СДС да се освести и консолидира. Време е за одговорност и посветеност, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.