Македонските печалбари пред празниците масовно се враќаат во земјата за да ги поминат празниците со своите најблиски во Македонија.

Само за неколку часа, на граничниот премин Табановце со соседна Србија влегле повеќе од 26.500 патници од кои најголем број биле македонски државјани.

„Во периодот од полноќ до 8 часот утринава, на ГП Табановце влегле вкупно 26.623 лица, од кои 19.520 биле македонски граѓани“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Граѓаните кои денеска се враќаат во Македонија велат дека времето на чекање за влез е помеѓу 20 и 30 минути.

Фото: Архива