Повеќе од 200.000 домаќинства во Босна и Херцеговина се без електрична енергија поради дефекти на далноводите предизвикани од обилниот снег.

Во Федерацијата БиХ без електрична енергија останаа околу 140.000 домаќинства, додека над 50.000 домаќинства се без струја во западниот дел на Република Српска.

Електростопанство на БиХ соопшти дека ситуацијата е најтешка во Унско-санскиот кантон, Тузланскиот кантон и Зеничко-добојскиот кантон.

Во Дрвар снегот достигна висина од два метра, а сите излези од градот се блокирани.

Во БиХ веќе два дена паѓа снег, на Бјелашница измерени 174 сантиметри снег, додека во Сараево снежната покривка е 28 сантиметри, каде отежнато се одвива сообраќајот.

фото: МИА архива