Издвоеното мислење на двајца судии на Уставниот суд од албанска етничка припадност, проф. Осман Кадриу и Насер Ајдари, во врска со одлуката од 9 октомври на Уставниот суд за укинување на критичен столб на Уставот и Охридскиот Мировен Договор – правичната застапеност, предизвика длабока вознемиреност кај Албанците, но и сите грѓани кои за разлика од оваа Влада се уште веруваат во соживот и еднаквост.

Ова го истакна денеска Арбр Адеми, потпретседател на ДУИ. Неговата изјава ја објавуваме во целост:

Она што го прочитавме во ова мислење ги потресе сите мирољубиви граѓани на оваа земја, а особено Албанците.

Кога судиите во своето мислење велат: „Одлуката е донесена на национална основа, преку прегласување, со носење одлуки против правата на немнозинските заедници и спротивно на основната вредност – правото на правично и адекватна застапеност.

Ја сметаме оваа одлука за незаконска и со сериозни правни последици,” Ова претставува еден од најголемите напади врз меѓуетничките односи,потсетувајќи нè сите на однесувањето на институциите во деведесеттите години, кога загриженоста на Албанците беше надгласувана, потиснувана и многу често и насилно.

Понатаму, во своето мислење, судиите истакнуваат: „Сакаме веднаш да нагласиме дека правниот израз – припадност на заедницата, е уставна институција и, како таква, уставна категорија.

Како резултат, горенаведената одлука укинува уставна категорија која е поврзана со ‘припадноста на заедницата’.”

Ова е уште еден доказ дека одлуката на Уставниот суд за спроведување на партиската програма на владејачката партија претставува обид за менување на мултиетничкиот карактер на уставниот поредок, кој е темел на концептот воведен со Охридскиот рамковен договор.

Како легитимни претставници на албанскиот народ, повторно ја истакнуваме итната потреба од поништување на одлуката од 9 октомври, бидејќи истата е незаконска и противуставна.

Ниту една одлука на Уставниот суд за закони донесени со двојно мнозинство според Бадентеровиот принцип не може да биде дискутирана или усвоена без учество и согласност на претставниците на таа заедница.

За Албанците не може да се одлучува без Албанците!

Демократската унија за интеграција останува цврсто посветена на заштитата на уставните темели на мултиетничкиот поредок и на обезбедување гаранција дека праватата гарантирани со Охридскиот рамковен договор ќе останат неприкосновени.

 Изјава на потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми

Демократска унија за интеграција