Од условен отпуст до Монте Карло-случајот со екс директорот на УКБ Сашо Мијалков ја крена правната фела. Според адвокатот Асмир Алиспахиќ додека на лицето му трае условен отпуст не треба да му биде вратена патната исправа, објавува ТВ 24.

„Од пракса можам да кажам дека додека трае условен отпуст од надлежен суд во конкретниот случај првостепениот и второстепениот суд, лицето на коешто му е изречен условен отпуст секако дека не би требало да добие патна исправа, а второ не би требало воопшто да излегува од нашата држава додека трае условниот отпуст-првостепениот суд го проверува тој факт во делот на евентуално изрекување на тој условен отпост, заштитен надзор.“ – Асмир Алиспахиќ адвокат.

Алиспахиќ посочува дека согласно Деловникот и ЗКП и КЗ додека не истече условниот отпуст, посоченото лице се’ уште се води како осудено лице, а на осудено лице се’ додека не се утврди истото не може да му се издаде патна исправа со цел да може да ја користи внатре и надвор од границите на нашата држава.

„Во ситуација кога имаме таква одлука и е вратена патната исправа, секако дека на граничните премини, од граничната полиција нема забрана. Но, овде се поставува прашање, за кој предмет од наведените предмети била забраната? Она што е интересно е дека позитивното мислење и одлуката на судот води кон предметот „Трезор“, но станува збор за забрана којашто е изречена од правосилна пресуда и издржана и доделен условен отпуст за предметот на т.н. „Империја“. Тука за секој предмет поединечно треба да има конкретна забрана од судот и Обвинителство мислење. Во оваа ситуација треба да се проверат сите тие наводи. Од правен аспект, дали тоа е така и секако да се утврди тој факт. Но секако ако нема забрана, не му е забреното движењето.“ – Асмир Алиспахиќ адвокат.