Шест лица загинаа во експлозија на плинска боца во ресторан во градот Мост, на северозападот на Чешка, при што била запалена зградата, соопшти денеска итната помош, пренесе Хина.
Британските медиуми јавија дека во големата експлозија синоќа се повредени уште осум лица, а од ресторанот и околните згради се спасени 30 лица, соопшти противпожарната служба на социјалната мрежа Икс.
Според очевидци, до експлозијата дошло кога се превртела греалка на плин, што предизвикала пожар, а потоа и експлозија, соопштија од противпожарната бригада.
Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан изјави за Чешкото радио дека греалката била во зимската градина на ресторанот.
Во ресторанот имало околу 20 гости, јави Чешкото радио.
фото:Х