Годината ја започнавме со пуштање во употреба на важни инфраструктурни проекти: експресниот пат Куманово-Крива Паланка, делницата Градско-Дреново-Фариш од Коридорот 10Д и за неколку дена, првиот дел од пругата Куманово-Бељаковце, пишува на својата Фејсбук страница премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.
Наместо да ги оставиме како споменици на минато лошо време, одлучивме да ги завршиме и пуштиме во употреба, користејќи ги вложените народни пари за подобрување на иднината, наместо за празни политички изговори, пишува Мицкоски во својата објава.