Украина е подготвена да разговара за енергетската безбедност и да и помогне на Словачка да постигне енергетска стабилност, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски и додаде дека, сепак, важно е Киев да слушне сигнал од словачкиот народ дека ќе го поддржи украинскиот народ на нивниот пат кон ЕУ и НАТО во
„Оваа тема е чувствителна. Ние сме многу отворени, подготвени да му помогнеме на словачкиот народ да постигне енергетска стабилност. Но, за нас е важно да слушнеме сигнал од словачкиот народ дека ќе го поддржите и украинскиот народ на нашиот пат кон ЕУ и НАТО, бидејќи тоа е клучно за нас“, рече Зеленски на средбата со шефот на опозициската партија „Прогресивна Словачка“, Михал Симечка.
Тој се заблагодари на Словачка за поддршката на украинскиот суверенитет и потсети дека го поканил премиерот на таа земја Роберт Фицо да ја посети Украина.