Заради третманот врз нашите фанови се огласи генералниот секретар на Ракометната федерација (РФМ), Филип Милошевски. Тој испрати протесна нота, потенцирајќи дека сите Македонци се дојдени со најпријателски и најспротски намери.
„Честитки до нашите момци за победата, одиме во следна фаза, напред Македонија !
Во врска со организација на натпреварот:
– само еден влез во арена е активен
– жени и деца најгрубо претресувани од нервозни редари
– во опасни предмети вклучени се и кармини, лабело , сјај за уста, полњач за телефон и слично
– простор за пушење нема, а ако решите да излезете треба пак назад кај редарот на главен влез
АМАН дојдовме во мир, најпријателски и најспортски“, напиша на социјалните мрежи Филип Милошевски.