Македонскиот капитен Филип Кузмановски ќе ја почне главната фаза на 29. Светско првенство за ракометари во Хрватска, Норвешка и Данска како прв стрелец со 31 гол од трите натпревари во групата од прелиминарниот круг.
Средниот бек на „црвено-жолтите“ денеска против Гвинеја постигна 12 гола, 10 на стартот против Унгарија и 9 во второто коло против Холандија.
Втор е Холанѓанецот Рутгер тен Фелде со 30 погодоци, а трет Германецот Ренарс Ушинс со 24.
Кузмановски е лидер и во категоријата голови плус асистенции со вкупно 40, од кои 31 погодок и 9 додавања, пред Матијас Гидсел од Данска со 38 (23+15), а на третото место е Германецот Ушинс со 35 (24+11).