На свеченоста “Гласови на слободата“ организирана од компаниите ,,Трамп Медиа” и Рамбл, која се одржа по инаугурацијата, остварив средба со Ден Бонџино, еден од најблиските соработници на Претседателот Трамп и најпознат политички десничарски коментатор, објави на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.
Разговор во кој зборувавме за Македонија, нашите предизвици но и можности. Нашите аргументи и позиции се јасни и нашето стратешко партнерство со САД и администрацијата на Претседателот Трамп се силни. Се бориме дома за повисоки плати, пензии, нова инфраструктура, подобро здравство, поконкурентно образование, брзорастечка економија итн…, но се бориме и во Брисел, Берлин, Париз, Лондон, Вашингтон итн…, нашиот глас е се посилен!, пишува Мицкоски во својата објава.