По вонредната седница на српската влада, кон јавноста се обрати Александар Вучиќ кој ги изнесе своите ставови за блокадите, но и ги кажа можните решенија по оставката на Вучевиќ.
„Процедурата е следна, продолжуваме со констатирање на неговата оставка во Собранието и потоа почнува рокот од 30 дена за избор на нова Влада или распишување избори. Ќе ја почнам процедурата и нема да избегнувам консултации, иако знам дека ќе добивам само навреди од оние кои некому ласкаат и немаат поддршка од народот. Отворен сум и за двете опции, или за избори или за состав на новата Влада. Благодарение на неодговорното однесување на некои, загрозена е стабилноста и граѓанскиот мир на Србија. Некои поддржуваат насилство на секој можен начин. Во Србија ќе се воспостави ред, а Србија ќе ги зачува стабилноста и мирот“, рече Вучиќ и додаде:
„Во следните 10 дена ќе донесеме одлука дали ќе одиме на избори или не. Ова не го очекувавме, бидејќи сè се одвиваше добро до синоќешниот инцидент, што според мене е необјасниво. Наскоро, како еден од основачите на Движењето, ќе се појавам во Нови Сад и ќе му се обратам на народот, бидејќи бегање од кој било во мојата земја не ми паѓа на памет“.
Вучиќ ги повика граѓаните да се воздржат од насилство кажувајќи дека е згрозен граѓанскиот мир во Србија. Тој изјави дека моментално главната цел во државата е да се задржи стабилноста и дека тој лично ќе се бори за тоа.