27-април 2017 година, навидум обичен ден, но само еден миг беше доволен тој се претвори во „пекол“ за Македонија и Македонците.

Денот кога Македонија почна да ја витка кичмата, денот кога Македонците почнаа да одат со наведната глава, денот кога Зоран Заев беше насилно донесен на власт со цел да го промени името, историјата и иднината.

Но тоа не помина мирно, гневот на Македонците беше огромен, тогашните пратеници на СДСМ и ДУИ почнаа со рушењето на Македонија, а македонското собрание со пеење на албанска химна среде собраниска говорница за миг се претвори во арена на револт и акумулиран гнев. Револтираните граѓани беа целосно во право, резултатите од пучот ги гледавме следните седум години, се до мај 2024-та. Договор за пријателство со Бугарија, Преспански договор, Двојзаичност, промена на името и уставот, преамбулата, ГФранцуски предлог, сето зачинето со крадење на државата и невиден аздис и ароганција.

Од тој ден до денес раните на Македонија и Македонците се се’ уште видливи, а тогашните власти секојдневно ставаа сол на раните за болката да биде уште поголема.Како показна вежба „што ќе ви се случи ако сте против хунатат на Заев“ – патриотите ко на кобниот 27 април влегоа во македонското собрание беа филмски апсени, секојдневно прогонувани, апсени и мачени. Јане Ченто, Игор Југ, Горан Ангелов – Ќосето, Митко Чавков и уште многу други беа жртви на режимот кој почна да владее со Македонија.

Апсени, малтретирани, политичкиот прогон кон нив беше немилосрден, а тогашниот систем немаше милост кон нив и нивните семејства. Судењата беа мачни и долги (траеа по 14 часа), а казните кои  ги добија беа тотално нелогични, вон умот и драконски, безобзирни, нечовечни и крајно мизантропски 211 години робија за делото за кое беа осудени, дело на револт и акт на одбрана на својата земја, пресуда која за мнозинството беше нереална и крајно забегана, но не и за Русковска, Кацарска и Заев.

Игор Југ беше еден од уапсените и затворени учесници на настаните на 27 април. Неговата голгота во затворската ќелија беше долга и мачна, неправдата која му ја накалемија Русковска, Кацарска и Заев беше немилосрдна.

Но, Игор Југ беше човек кој не сакаше да биде амнестиран, сакаше повторно судење. Тој во многу наврати велеше дека доколку биде амнестиран тоа само ќе биде потврда за делото кое им беше накалемено на 33-цата осудени за 27 април. Југ беше осуден на 12 години затвор за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Осудениот Игор Југ на саркастичен начин ја коментираше пресудата за него во која доби 12-годишна затворска казна како обвинет за случајот со упадот во Собранието.

„Постојат две најголеми предавства што човек може да ги направи, а тоа е да си ја предаде татковината, и да си го предаде семејството. Горд сум што никогаш не сум ги предал своите две семејства. Вие оценете дали сум човек кој би бегал, оти ние тоа во Куманово го викаме ‘голо куче‘. Ме осудивте на 12 години и понижен сум, требаше 15 и јас да изедам“, рече Југ.

Игор Југ денес почина од срцев удар, на денот на седмиот роденден на неговата ќерка.