Децении минуваат, но една работа е константна во дејствувањето на СДСМ кога е на власт. Ок, освен антинационалните злодејанија, постојаната продажба на македонските светии, стандардниот економски колапс, невиденото руинирање на секој можен сектор, класичното уништување на системот, карактеристичниот аздис, невидената ароганција и традиционалниот мега-арамилак на државни пари и богатства. По навика, партијата од Бихаќка има слабост и да избира обвинители, јавни или специјални, со „интересен“ образовен пат зад себе.
Така, ако си спомнувате, специјалната јавна обвинителка и шефица на СЈО, легендарната Катица Јанева имаше просек 6,2 на правниот факултет. Резил, кој не ја спречи да учествува во тежок криминал и корупција. И да заврши во затвор. За потсетување, СДСМ-овците ја носеа на маици… Од уверението за завршено студирање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на кое се гледа дека нејзиниот просек бил 6,24. Јанева воедно студирала 7 години. За положените предмети добила пет „7“ и 28 шестки.
Како гром од ведро небо одекна нејзиниот избор во 2015 година за специјален јавен обвинител. Покрај многутемина, кои уверуваа дека Јанева достојно ќе си ја заврши задачата, имаше и такви кои го критикуваа нејзиниот избор. Коментираа дека е далеку од она што се најавува, односно дека ќе биде личност со интегритет и дигнитет, еминентен правник со големо искуство зад себе. Личност која ќе биде спремна главата да ја стави во торба. Од архивите се извади и нејзината факултетска диплома, со просек од 6,2, со забелешка дека за седум години го завршила Правниот факултет. Критичарите испаднаа во право, Јанева испадан срам за фелата, за Македонија. Иако, имајќи предвид кој ја постави (Заев), одговараше на фотот-роботот…
Коцевски, завршил факултет на 32 години, на 48 станал обвинител
Кој е Љупчо Коцевски? Лик кој од адвокат директно „прелета“ во Вишо, па во Државно обвинителство. Еве што стои во неговата биографија:
Јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски е роден на 01.08.1960 година во Тетово.
Дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1992 година (значи, на 32 години), а во 1994 година положил правосуден испит.
Од 1995 до 2008 година работел како адвокат во Тетово. Во обвинителството е од 05.11.2008 година, кога на 48-годишна возраст е избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар. Во текот на обвинителската кариера, Коцевски бил член на Управниот одбор и на Комисијата за полагање завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители, член на Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители, како и член на работни групи за подготовка на повеќе закони.
На 18.01.2022 година Советот на јавните обвинители го избра за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија.
Во републичкото јавно обвинителство е раководител на Одделението за мета податоци и мерки за следење на комуникациите и претседател на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција.
Собранието на Република Македонија на 13.02.2024 (пред заминување на СДСМ и ДУИ од власт) година го именуваше Коцевски за Јавен обвинител на Република Македонија.
Владата најави негово разрешување. Експертите за Курир велат дека тоа треба да се стори уште „вчера“, т.е. што поскоро, за доброто на фелата и имиџот на Јавното обвинителство…