Шакира итно хоспитализирана

/ 17.02.2025

Шакира неодамна започна турнеја во Бразил, но нејзиниот настап во главниот град на Перу, Лима, мораше да биде откажан поради итна хоспитализација.

Како што објави на своите социјални мрежи, таа е пренесена во болница поради силни стомачни болки.

– Жал ми е што ве известувам дека синоќа морав да одам на Итна помош поради болки во стомакот и моментално сум во болница. Докторите кои ме лекуваат ми рекоа дека вечерва не сум во можност да го одржам концертот – напишала Шакира на својата инстаграм сторија.

Пејачката изрази надеж дека наскоро ќе оздрави и дека лекарите што поскоро ќе ја пуштат од болница за да може да ја продолжи турнејата.


Од истата категорија