Претседателот на Комисијата за одбрана на украинскиот Парламент, Роман Костенко изјави дека САД престанале да испорачуваат оружје на украинската армија.

– Според мои информации, оружјето што требаше да биде продадено повеќе не се испорачува. Компаниите што требаше да го префрлат оружјето сега чекаат, бидејќи нема одлука. И сите чекаат да видат каква и дали ќе се донесе одлука, барем да се достави оружје за пари, наведе Костенко.

Освен Костенко, ниту еден друг украински функционер не се огласил по ова прашање.

фото: Икс